Уште една руска провокација која има за цел да забие клин меѓу Бугарија и Македонија и да ја искриви вистината до крајно невозможен степен.
Така бугарскиот професор Пламен Павлов, ја оценува честитката од Амбасадата на Русија во Скопје по повод денешниот празник Св. Климент Охридски.
Како што објави БГНЕС, реакцијата на Павлов, кој според агенцијата, е „еден од најголемите познавачи на бугарската и балканската средновековна историја“ е по повод денешната честитка од руската амбасада.
Во честитката пишува: Св.Климент Охридски бил „голем просветител, прв словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазик.