Бугарската новинарка Викторија Маринова е силувана и убиена во градот Русе во северна Бугарија, јавија денеска локалните медиуми.
Маринова (30) која е уредник на ТВН била убиена вчера и работела како истражувачки новинар. Таа известувала за наводна корупција поврзана со фондови на Европската унија.
Полицијата тврди дека нема докази дека убиството е поврзано со нејзината работа. Организации за борба против корупција и членови на ЕП повикаа на целосна истрага за нејзината смрт.
Викторија Маринова