Премиерот на Бугарија, Кирил Петков ќе биде домаќин на средбата на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО во Југоисточна Европа, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, форумот ќе се одржи на 28 март во владината резиденција „Бојана“.