Бугарија нема да наметнува други услови, но Договорот и протоколите мора да се исполнат

/ 31.07.2023

Бугарија нема да наметнува нови барања и услови за Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, освен досегашните – вели бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел.

Во интервју за бугарското радио таа вели дека иако нема да има нови барања, тоа не значи дека бугарската позиција кон земјава ќе се промени. Габриел откри дека во петок ќе има и техничка средба меѓу двете министерства за надворешни работи на која како што кажа, очекува да добие информација за исполнување на презементе обврски на земјава.

-Сакам за последен пат да ставам крај на таквиот вид на шпекулации. Бугарија нема нови услови и нема да создава нови услови. Но, Бугарија го набљудува како пакет постигнатиот компромис од јули 2022 година. Тоа значи да се случат уставните измени и јасно да видиме дека се почитувани правата на Бугарите, не само во преамбулата на уставот туку и во останатите два дела кои се дадени. Да се почитува договорот за добрососедство и да се почитуваат протоколите, изјави Марија Габриел, вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, а пренесе Канал 5.

 


Од истата категорија