Бугарија објави дека го повлекува својот амбасадор во Скопје во знак на протест за претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков и непочитување на правата на Бугарите, а всушност амбасадорот Ангелов секако требало да си оди од земјава затоа што веќе се изминати 4 години од неговиот мандат во Македонија.

Амбасадорот Ангел Ангелов, како што пренесе Експрес, како новоименуван вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Македонија ги предал копиите од акредитивните писма на 7 декември 2018 година што значи дека тој веќе петта година ја вршел функцијата бугарски амбасадор во Скопје.

Вообичаено мандатот на бугарските амбасадори во светот трае 4 години.

Ангелов во Скопје е заменет од вршител на должност кој има слични ингеренции како и именуван амбасадор.