Народното собрание на Бугарија денеска на седница треба да расправа за односите со Македонија и како што е најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин.
БТА пренесува дека пред пратениците ќе се обрати министерот за надворешни работи Николај Милков.
Предлогот за ставање на оваа точка како трета на дневниот ред на денешната седница е на барање на партијата Преродба и на собрансиката комисија за политики за Бугарите во странство.
Како што веќе објавивме, станува збор за кафеанската тепачка во која беше повреден Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид, кој итно со бугарски авион беше пренесен на лекување во Софија.
Кај Пендиков, минатата година, во два наврати имал, како што беше соопштено, МВР пронашло дрога, но како што вчера беше соопштено, дрогата не била во доволно големи количини за тој да биде уапсен.