Фрапантно е со која леснотија СДС се стави во целосна служба на бугарските агенции и интереси, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

-Апологетите на СДС во еден глас ја пренесуваат бугарската пропаганда. Венко Филипче прифатил безусловно да биде маша за бугарските интереси и позиции во Македонија. Венко Филипче целосно го копира Зоран Заев и смета дека со ставање на располагање на партијата и нејзините инсталации во општеството на друга држава тој ќе дојде некогаш на власт. Венко Филипче и СДС веќе не се воопшто автентични. Венко Филипче и СДС целата своја стратегија и приод и го имаат оставено на Бугарија. Во периодот што следува ќе гледаме многу фабрикувани вести, лажни документи и изнудени реакции. Македонија, а пред се премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под удар на хибридни операции водени од страна, а извршени од СДС. Сомневањата ни се дека крајниот финансиер на ваквите операции е една голема источна земја, која има силно влијание и во Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ ги препозна нападите и успешно ги отфрли. СДС се демаскирани, истакна Лефков.

Само разочарува фактот како безпоговорно, за власт се ставија на располагање на центри кои не и мислат добро на Македонија, додаде Лефков.