Бугарскиот новинар и уредник на порталот Трибуна, Атанас Величков отворено признава дека Бугарија финансира медиуми кои пропагираат дека Македонците се со бугарски корени.
Величков во интервјуто за бугарскиот весник Труд признава дека Трибуна се финансира од бугарската држава, со што официјална Софија се меша во внатрешните работи на Македонија.
– Трибуна се појави пред 5 и пол години. Идејата за самиот медиум е моја и на еден од моите најблиски луѓе – господинот Петар Колев. Кум на медиумот е професорот Георги Трендафилов. Многу луѓе ни помогнаа низ годините. Веќе 2 години работиме на проекти на Министерството за надворешни работи на Бугарија, а за тоа да се случи главната заслуга има тимот на бугарската амбасада овде на чело со амбасадорот Ангел Ангелов и неговиот заменик Петар Петров, одговара Величков на прашањето како работи и се финансира порталот што тој го уредува.
И додека Софија финансира бугарска пропаганда во Македонија и се меша во внатрешните работи на земјава, македонската власт затвора очи и молчи, а Македонците во Бугарија се оставени без никаква поддршка.