Ситуацијата е крајно алармантна, алармираат од навивачката група „Комити“, споделувајќи ја пораката со финансиска понуда од страна на бугарската фондација „Македонија”, која се понудила да го купи клубот Вардар.

Фондацијата сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!, велат Комити.

Додаваат дека на ваквите напади ќе продолжат да одолеваат само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта.

Секој! Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на ВАРДАР – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор! Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме!

Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака. Време е за акција, народот повикува на борба за клубот. Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!

Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”. Нека биде тоа нашиот одговор!, велат Комити.