Повеќе од сигурно е дека „изворните“ прави Бугари никогаш не стапнале со нога во Македонија, чиешто население во најголем дел било словенско, пишува бугарскиот академик Стефан Панаретов во 1992 година.
Во продолжение целиот текст и изворите што се објавени на страницата Macedonia: a True Endless Story која објавува документи што се поврзани со историјата на Македонија.
БУГАРСКИ АКАДЕМИК ВО 1922: БУГАРИТЕ НИКОГАШ НЕ СЕ НАСЕЛИЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА, А ИМЕНКАТА „БУГАРИН“ Е СИНОНИМ ЗА „СЛОВЕН“
Бугаринот Стефан Панаретов е еден од стотиците научници кои сведочат дека во Македонија, именката „бугари“ е политичко, а не етничко име. Во својата книга “Near Eastern Affairs and Conditions” од 1922 г., тој вели и дека вистинските, прави Бугари никогаш не стапнале во Македонија.
Панаретов пишува:
– „Повеќе од сигурно е дека ’изворните‘ прави Бугари никогаш не стапнале со нога во Македонија, чиешто население во најголем дел било словенско… Името Бугари со коешто (Словените, з.п.) се означени, докажува дека правите Бугари веќе се во темел пославјанчени. Нивното име (Бугарин) станало синоним за ’Словен‘, а нивното кралство во очите на македонските Словени било – словенско кралство, нивно кралство.”
Значи, покрај мноштвото други записи, извори и разна литература, и Панаретов потврдува дека Македонците, т.е. македонските Словени како што тој ги нарекува, самите не се нарекувале „Бугари“, туку друг ги означил така.
Уште повеќе, и според овој академик, именката „Бугарин“ станала синоним за Словен. Тоа повторно докажува дека називот „Бугари“ е политичко, а не етничко име.
Стефан Панаретов (1853 – 1931) е бугарски општественик, професор, дипломат и долгогодишен редовен член на Бугарската академија на науките – БАН. Бил и наставник по Бугарски јазик во „Роберт Колеџот“ – американско училиште во Цариград. Како прв амбасадор на современа Бугарија во САД, Панаретов голем дел од својата активност ја посветил на градењето добри односи меѓу двете земји.
ИЗВОР: Stephen Panaretoff, “Near Eastern Affairs and Conditions,” New York, 1922, pgs. 8, 9. –/
(Подготвил: Д. Г.)