За две недели и Валандово ќе добие бугарски културен клуб кој ќе носи име што нема да ги навредува чувствата на македонските граѓани и ќе биде регистриран во Централен регистар согласно новиот Закон за здруженија, дознава „А1он“.
Клубот ќе биде отворен за две до три недели, откако ќе се реновира деловниот простор.
За разлика од „Цар Борис Трети“ во Охрид и од “Иван Михајлов“ во Битола кои се предводени од претседатели или секретари кои се изјасниле како македонски Бугари со бугарска самосвест, тука одговорен на клубот ќе биде Ѓорѓи Петровски, Македонец кој нема бугарска самосвест или бугарски пасош.
Петровски во разговор за „А1он“ рече дека се ангажирал околу отворањето на клубот затоа што едноставно сакал да им помогне на Бугарите во Македонија, а не затоа што се чувствува како македонски Бугарин.
– Немам бугарски корени колку што знам. Живеам сам, а родителите ми се починати. Јас немам чувства дека сум Бугарин и не го правам ова затоа што ми понудиле нешто или за да дојдам до бугарски пасош. Едноставно сака да им помогнам на луѓето затоа што се соочуваат со проблеми тука, рече Петровски за „А1он“.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.