На брегот на бугарското летувалиште Тјуленово на Црното Море е пронајден дрон од непознато потекло, кој според непотврдени информации носел експлозив, јавија бугарските медиуми.
Дронот е пронајден случајно синоќа. Не е познато како дронот завршил на бугарското крајбрежје, дали паднал од воздух или бил однесен од плимата.
Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање дрон со експлозив.
Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.