Угледниот бугарски професор, лингвистот Александар Теодоров Балан во 1904 година, во софиското “Периодическо списание”, за „Македонцките работи“ на Крсте П. Мисирков и создавањето на македонскиот јазик пишува:
“… Меѓутоа, сосем слабо и никако не се знаеја досега погледите и мислите на самите Македонци, како население коеживее под одделни од Бугарија и од Србија и особени политички и социјални услови на живот: оние за кои толку време се препираат Бугарите и Србите, оние што наука и политика од толку години префрлаат меѓу Бугарија и Србија – тоа имено што мислат за таа расправија, за тие “игри на пофат”; тие какви се сметаат по народност, по своите културни и политички идеали. Некои размислувања на лица вистински или привидно од интелигентната средина на Македонците, навистина објавуваат одвреме – навреме дека Македонија е српска или дека е бугарска; но тоа беа гласови, неретко со важност, поскоро за поткрепа на едната или на другата страна во општата расправија, а не проглас на една, да речеме, свест на Македонците, која определува што се тие и што мечтаат како граѓани и како членови на една народност. Првиот таков проглас, расчленет по составот на предметот и во секој свој дел опставен со размислување и доводи од науката и дипломатијата, како да ни се дава во книгата на К. Мисирков, којашто самата сака да биде од секоја страна книга “македонска”. Како прва во својот род, по задачата и исполнението; како прва каде што бугарскиот образовен читател може да види дека во “македонското прашање”, тој е должен да води сметка и за мислите и мечтите на единични или под некаква девиза здружени “Македонци”, книгата на г. Мисирков не само што заслужува, но и бара да ни биде нам добро позната. Препорачувајќи им ја со сериозно внимание на бугарските раководни кругови во политиката и науката, ние ќе ја предадеме овде по можност потполно со нејзини зборови, содржината, а на крајот ќе си дозволиме и неколку паметни белешки”.