Претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјасков денеска ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Желјасков ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што е предвидено двајцата да дадат изјава за медиумите.

Во 13 часот во Археолошкиот музеј, двајцата ќе се обратат на свеченото отворање на изложбата „Сребрена Тракија“.

На изложбата, како што информираа од Министерството за култура, ќе се обрати и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е покровител, а обраќања ќе имаат и бугарскиот министер за култура Крастју Крастев, како и директорите на двете музејски институции кои се организатори на изложбата, Славица Бабамова и Христо Попов.

Изложбата, како што велат од Министерството за култура, е во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу двете држави и е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија.

Изложбата „Северна Тракија“ е поддржана од двете министерства за култура и покрај ексклузивните археолошки предмети од Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, содржи и наоди од 17 историски и регионални музеи во Бугарија.

Презентацијата на изложбата „Северна Тракија“ во Скопје претставува продолжување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН и Археолошкиот музеј на Република Македонија и се реализира по одличното претставување на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија, Бугарија.

Ексклузивната изложба „Сребрена Тракија“, како што е соопштено, е прво целосно претставување на тракиската култура во нашата држава.

Како што информираат од Министерство за култура, во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу Македонија и Бугарија, изложбата е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија и ќе биде отворена од страна на високи државни претставници од двете држави.

Изложбата со свој поздравен говор ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е покровител на изложбата, а свои обраќања ќе имаат и претседателите на македонското и на бугарското Собрание, Талат Џафери и Росен Димитров Жељазков, министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, како и директорите на двете музејски институции кои се организатори на изложбата, Славица Бабамова и Христо Попов.

Изложбата „Северна Тракија“, која е поддржана од Министерството за култура на Македонија и од Министерството за култура на Република Бугарија, покрај ексклузивните археолошки предмети од Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, содржи и наоди од 17 историски и регионални музеи во Бугарија.

Изложбата, која го содржи и Тракиското сребро, познато во археолошкиот свет поради својата уникатност и извонредна уметничка изработка, досега била претставена во повеќе музејски центри во Европа и во светот, а поставката, која се изложува во Скопје, претставува најкомплексна и најобемна презентација на наодите кои ја претставуваат тракиската култура и цивилизација.

Презентацијата на изложбата „Северна Тракија“ во Скопје претставува продолжување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН и Археолошкиот музеј на Република Македонија и се реализира по одличното претставување на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија, Бугарија.

Фото: Архива на МИА