Претседателот на организацијата на БСП во Софија, Калојан Паргов соопшти дека неговата партија ќе го врати мандатот за формирање на нова бугарска влада.
На 5 мај, Бугарската социјалистичка партија веднаш ќе го врати мандатот за формирање на нова бугарска влада, отворајќи му пат на претседателот Румен Радев да го распушти парламентот и да распише предвремени парламентарни избори само еден месец по регуларните избори во Бугарија на 4 април.
Бугарскиот претседател Румен Радев со указ ќе го распушти 45-то Народно собрание и ќе објави формирање на привремена влада, која ќе има една главна задача – да ги организира и спроведе предвремените парламентарни избори во Бугарија.
Некои бугарски медиуми веќе шпекулираат дека предвремените парламентарни избори може да се одржат на 11 или 18 јули.