По амбасадорите на Руската Федерација Елеонора Митрофанова и Никита Лешуков в.д амбасадор на Белорусија, кои според прес-центарот на бугарскиот парламент нема да бидат поканети на првата седница на 48. Народно собрание, закажано за 19 октомври, бугарски пратеници го покренале прашањето за присуството на конститутивната седницата и на македонскиот амбасадор во Софија.

Како што објави порталот 24 Инфо, бугарски пратеници го поставиле прашањето дали и претставникот на Македонија треба да влезе во Народното собрание во Софија, откако како што велат тие „нашата национална химна беше исвиркана на фудбалски натпревар во Скопје“.

Оваа иницијатива довела до жестока дискусија за време на прелиминарниот состанок за деталите од почетниот состанок, распределбата на местата во салата, просториите во парламентот и резиденциите на одделенијата. Македонија од неодамна има нов амбасадор во Софија, Агнеса Руси Поповска, и ваквиот пречек дополнително ќе ги наруши односите меѓу двете земји.