Во германската фудбалска Бундеслига викендов на распоредот се натпреварите од 27.коло по кое лидерот Борусија Дортмунд повторно има два бода предност во однос на шампионот Баерн Минхен.

Резултати на попладневните денешни натпревари од коло во Бундеслигата:
Борусија Дортмунд – Волфсбург 2:0
Фортуна Дизледорф – Борусија Менхенгладбах 3:1
Фрајбург – Баерн Минхен 1:1
Нирнберг – Аугсбург 3:0
Вердер Бремен – Мајнц 3:1.

Вечерва играат Лајпциг и Херта.

Табела: Борусија Дортмунд 63 бода, Баерн Минхен 61, Лајпциг 49, Борусија Менхенгладбах 47, Ајнтрахт Франкфурт 46,…