Скопското крило во ДУИ не учествуваше на консултативната средба што денеска ја свика лидерот Али Ахмети. Извори од оваа група информираат дека причината за бојкотот на средбата е нивното незадоволство од претходните средби и од начинот како Ахмети ги предложил оние, кои што е предвидено да станат потпретседатели на ДУИ.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Повторно се запали ‘огнот’ во ДУИ, незадоволните денеска не дојдоа на состанок – објавени имињата за потпретседатели и секретари“.
„Алсат“ пишува „Се дознава дека, наводно, Изет Меџити ја понудил својата позиција како партиски потпретседател на Али Ахмети, овој да именува кого сака на таа позиција. Вака Меџити постапил, бидејќи не се согласува со имињата, кои Ахмети ги предложил како потпретседатели. Според одредени извори, тие имиња, кои се предложени од Али Ахмети се: Фатон Ахмети, генерален секретар; Валдет Џафери, организациски секретар; Изет Меџити, потпретседател; Арта Билали, потпретседател; Арбер Адеми, потпретседател и Бујар Османи, портпарол.“
„Огнената група’ не се согласува со овие предлози за потпретседатели на ДУИ, бидејќи, според нив, тие предложени имиња, со исклучок на Изет Меџити, се сметаат како клика, дружина на на вицепремиерот Артан Груби. Групата смета и дека одлучувањето ќе остане во заложништво на лидерот Ахмети и на вицепремиерот Груби.“
„Се дознава дека, имајќи ги предвид токму ваквите кадровски предлози на Ахмети, Меџити ја разгледал можноста за негово повлекување од функцијата потпретседател на ДУИ.“
„На седницата на Генералниот совет на ДУИ, свикана за утре, 15 октомври 2022 година, ќе учествува и ‘Огнената група’ со веќе изнесен став дека дека ќе ги повторат позициите за промени во раководството на партијата. Ако не биде спроведено ова нивно барање групата не ја исклучи можноста да стане внатрешнопартиска фракција во ДУИ.“
„Денес јавно на оваа група јавно и се придружија и други членови на Генералниот совет: Амет Исмаили од Студеничани и Ваит Ајро од Струга.“