Католичкиот свештеник Кристијан Зеба во Риека одбил да крсти дете зачнато со вештачко оплодување на женска хомосексуална двојка, а тоа предизвика бура од реакции во Хрватска.

Од Риечката архиепископија се уште не се изјасниле.

Целата световна јавност не е на страната на свештеникот, кој остана доследен, бидејќи смета дека таквиот чин е против црковното учење и дека детето нема да биде воспитувано во духот на католичката вера. Аргументот на свештеникот е дека хомосексуалната двојка е веќе во грев, бидејќи живее во спротивност со учењето на Католичката црква.

– Ние самите добро знаеме дека учењето на Католичката црква е дека бракот се состои исклучиво од маж и жена, се друго е неприфатливо – вели Зеба, пренесе загрепската телевизија N1.

Свештеникот за се ги информирал верниците на Фејсбук и предупредил дека нема навреда.

– Совеста ми е целосно чиста и мислам дека тоа е единствената вистинска работа за мене, изјави Зеба.