Поради бура со оркански ветер во западниот дел на Германија, железничката компанија „Дојче бан“ го прекина регионалниот сообраќај, како и сообраќањето на возовите на долгите дестинации.
Компанијата соопшти дека возовите се запрени во станиците во Северна Рајна Вестфалија поради тоа што неколку линии се блокирани откако паднало дрво на шините.
Метеоролошката служба издаде предупредување за делови на западна и централна Германија каде се очекува ветер и до 120 километри на час, а во текот на утрешниот ден и врнежи од снег.
Поради јачината на ветрот, два авиона кои летале кон Бон се пренасочени кон други аеродроми