Бурата „Јулија“ предизвика проблеми во сообраќајот и остави илјадници чешки домаќинства без електрична енергија, јави ДПА.
Чешката компанија за електродистрибуција денеска информираше дека силниот ветер и паднатите дрвја оставиле 40.000 домови без електрична енергија. Противпожарните служби одговориле на повеќе од 1.700 повици во целата земја. Интервенциите најмногу се однесувале на пречки на патиштата кои требало да се отстранат.
Бурата предизвика доцнење или откажување и на голем број возови.
Бурата „Јулија“ доаѓа само две седмици во бурата „Кјара“, која предизвика голема материјална штета во Чешка.