При силните дождови, кои го погодија северозападниот дел на Пакистан, загинаа најмалку 15 лица, меѓу кои и деца, а повредени се десетина луѓе.
Високиот претставник за вонредни ситуации на Пакистан, Латиф Кан, изјави дека поради невремето се разрушеле голем број на домови и предизвикани се поплави во некои места.
Властите на Пакистан наведоа дека во регионот Бахур во невремето е разрушено училиште, а при тоа загинале шест деца и девет се повредени.
Во тек е операција за спасување и санирање на штетите.