Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика ги одложи претседателските избори во земјата и соопшти дека нема да се кандидира за петти мандат по ред.
По 20 години на власт, Бутефлика изјави дека техничкото раководство ќе организира нови избори, а тој нема да се кандидира.
Бутефлика во 2013 година доживеа шлог и ретко се појавуваше во јавност. Во последните неколку недели се одржаа масовни протести во Алжир со барање тој да не се кандидира за уште еден мандат.