Американските државјани, кои ќе патуваат во една од земјите на Европската унија наскоро ќе мораат да имаат виза.

Европската унија вчера објави дека патниците од САД од 2021 година, ќе им треба нов вид на виза за да ја посетат Шенген-зоната, која ќе го носи скратеница ЕТИАС.

Шенгенската зона вклучува 26 земји на Европската унија, кои немаат меѓусебни граници и дозволуваат слободен проток на луѓе и стоки.

Во моментов, граѓаните на САД можат да патуваат 90 дена во ЕУ без виза.

За да аплицираат за ЕТИАС, граѓаните на САД ќе треба да имаат важечки пасош, е-пошта и кредитна или дебитна картичка, објави ЕУ. За малолетни ќе треба само пасош.

ЕУ објасни дека визата ЕТИАС важи три години и им овозможува на Американците да влезат во Шенген зоната колку пати и да посакаат.