Министерот за здравство Венко Филипче, вечерва одговори дека поранешната директорка на Кожната клиника, Цаца Билјановска, е пуштена на домашно лекување од Клиниката за инфективни болести.
Оваа докторка беше една од првите заболени со коронавирусот во земјата. Од околу 200 лица кои беа во самоизолација бидејќи контактирале со неа цела недела откако таа се вратила од Италија, досега е потврдено дека пиозитвни се шестмина колеги доктори.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев пред извесно време извести дека поднело кривилна пријава против Цаца. ЈО на тоа одогоори со барање за дополнителни известувања, иако сите услови за нејзино гонење и за најстрога казна се исполнети.