Образовен систем низ кој секое девојче и момче ќе се изгради во личност која ги почитува граѓански права, толеранцијата и различностите е моја лична, но и владина врвна заложба, објави денеска министерката за образование, Мила Царовска.
– Еден од моите главни приоритети во четиригодишниот мандат е и воведувањето на комбинираниот модел и организирање на успешна учебна година во време на пандемија. Како Влада, се обврзуваме да развиваме квалитетно образование достапно на сите, образование кое ќе создава граѓани кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи, објави Царовска на својот профил на Фејсбук.