Тука не постои никаков конфликт на интерес и никаква можност за мое влијание, изјави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска oдговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција дали има конфликт на интереси што фирмата на нејзиниот партнер склучила договор со Град Скопје вреден милион денари.
Царовска потенцираше дека нема можност да влијае на одлучувањето во Министерството за локалната самоуправа и дека и пред да биде на функција, фирмата на нејзиниот партнер склучувала договори за јавни набавки со државни институции.
– Согласно дефиницијата за конфликт на интерес тука не постои никаков конфликт на интерес и никаква можност за мое влијание во одлучувањето во локална самоуправа. Дополнително, сакам да ја известам јавноста дека и пред да имам каква и да е функција, тој со својата компанија добивал јавни набавки кои се транспарентни и електронски секој може да ги провери, од страна на државни и приватни институции. И понатаму ќе продолжи да си аплицира на истите, одговори министерката Царовска.