Потпретседателката на СДСМ и министер за образование и наука Мила Царовска на новинарско прашање кој ќе биде нов претседател на партијата и дали очекува Алтернатива да влезе во владината коалиција, одговори дека ниту е нејзина надлежност ниту смета, рече, дека треба да се шпекулира.
-Сите ние заеднички треба да ги следиме овие процеси затоа што тие ниту се наивни и треба сериозно да се разгледуваат затоа што иднината и курсот на државата и развојот нејзин зависат од тие одлуки, изјави Царовска за медиумите по промоцијата на проектот за медиумска писменот „Младите размислуваат“.
Прашана за коментар за оставката на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, Царовска одговори дека некои одлуки во дадени моменти покажуваат ширина, а таква е и одлуката на Заев.
-И тоа е таа одлука. Тој го кажа својот став и тоа е негов став и треба да се почитува. Навистина е многу значајно што е тоа што понатаму ќе се случува, во Собранието да се обезбеди соодветно мнозинство за да се задржи западноевропскиот курс на државата, да се задржат демократските процеси и, секако, развојот кој интензивно ни се случува во последните пет години, и економскиот, и општествениот развој, истакна Царовска.
Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ утре ќе имаат седница на која треба да се расправа по најавената оставка од лидерот на партијата Зоран Заев.