Расте задоволството од учењето на далечина кај учениците, наставниците и родителите, објави денеска министерката за образование, Мила Царовска.
– Значително зголемување на задоволството од учењето на далечина и начинот на кој беше организирана наставата во услови на пандемија, оваа учебна година во споредба со минатата година, покажува најновото истражување на УНИЦЕФ. Дури 98 отсто од наставниците држеле интерактивна онлајн настава, а 100% од учениците одговориле дека наставата е според распоред. Расте и задоволството кај родителите од наставата на далечина кој што за разлика од минатата година е двојно зголемен, објави Царовска на Фејсбук.
Колку се задоволни родителите од квалитетот на онлајн наставата на своите деца е дискутабилно, бидејќи многу родители се жалат дека тоа остава „шуплини“ во образованието на децата.