Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, вчера попладне се сретна со жителите на Кале. На средбата Царовска разговараше за сработеното досега и за она што го нуди предизборната програма на коалицијата „Можеме”.
-Ве повикувам на 15 јули да гласате за СДСМ. Како социјал – демократи веруваме во праведност и праведно општество. Затоа во следниот мандат минималната плата ја зголемуваме до 40%, а присечната плата до 30%. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите, рече Царовска.
Таа најави проширување на опфатот на социјалната помош на 34.000 домаќинства како и зголемување на опфатот на деца корисници на образовен и детски додаток.
-Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите, рече Царовска.