За само 2,5 години успеавме младинската невработеност да ја намалиме од 48 на 25 отсто, изјави денеска министерката за труд и потпрептседателка на СДСМ, Мила Царовска, на трибината Агенда млади 20-24.
Таа рече дека кога СДСМ дошле на власт затекнале целосна запоставеност на младите.
– Како млада политичарка можам да кажам дека кога се креираат младински политики тие мора да обезбедат резултати не само во моментот туку и во наредните 10 до 15 години. Состојбата која ја наследивме во 2016-та беше поразителна, што е резултат на лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нас не мотивираше да креираме и имплементираме конкретни и вистински млади политики, рече Царовска.
Трибината е дел од програмските активности на СДСМ, а процентите што Царовска ги пласира се навистина „фантастични“, со оглед на тоа дека е големо незадоволството и иселувањето од Македонија, особено на младите, и токму во овој период на „фантастични успеси“.
Ако во големото намалување на процентот на невработеноста влегува големото иселување на младите, тогаш приказната на Царовска изгледа пореалистично.