Промените мора да се случат, одговори денеска министерката за образование, по масовните протести низ Македонија за реформите кои ги спроведува министерката Мила Царовска.
– Правото на протест е легитимно, затоа што е уставно загарантирано, но неправдано е да се протестира против напредок во образованието. Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, објави Царовска на својот официјален профил на Фејсбук.
Како што објавивме денеска масовно протестираа родители и ученици против новиот Закон за учебници, како и заменките „родител1“ и „родител2“ наместо мајка и татко на ученикот.