За првпат го јакнеме наставниот кадар и го враќаме достоинството на нивната работа со воведување на кариерен напредок на наставниците во ментори и советници, објави министерката за образование, Мила Царовска.
– Освен со кариерен развој избраните наставници ќе се стекнат и со дополнителен паричен надомест, како дел од личниот доход. Првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање ментор, веќе е објавен на веб страницата на МОН. Ги охрабрувам наставниците кои ги исполнуваат условите да се пријават, објави Царовска на својот профил на Фејсбук.