Забраната за движење на граѓани и полицискиот час од 20 до 8 часот што се во сила во Костур, се чини, дека беа добра можност мечка заедно со нејзините две мали мечиња, доцна синоќа да се прошетаат во делот крај езерото, јави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми, конкретниот дел од езерото во Костур, во нормални услови е шеталиште и е полно со граѓани.
Мечките биле забележани од жителите на градот кои веднаш ја известите групата за интервенции, а одговорниот на тимот, Никос Панајотопулос за грчката агенција АНА-МПА, објаснува дека карантинот во комбинација со недостигот на храна создале услови мечката заедно со малите мечиња да дојдат во градот.