Ова е ретка прилика во Македонија да се види чист воздух регистриран на сите мерни станици.

Денеска, во 18 часот, според мерните станици, воздухот во скопска Гази Баба (6) и во Струмица (8) е почист отколку во Лазарополе (10), барем што се однесува до состојбата со присуство на ПМ 10 честички.

Во графиката погледнете ја состојбата  со концентрацијата на ПМ 10 честички во воздухот измерена во 18 часот. Дозволена количина е 50 µg/m³, а на сите мерни станици е со зелена боја, односно под дозволената граница.

Познато е дека станиците во Струмица и Гази Баба во текот на зимава покажуваа висока загаденост.