Зоран Заев и Африм Гаши денеска ја одржаа следната нивна средба за евентуален влез на Алтернатива во власта. Таа доаѓа по онаа во понеделникот кога двајцата постигнаа договор за програмските принципи. Пред почетокот на денешната средба ниту Заев ниту Гаши не сакаа да зборуваат, а по завршувањето кратко се обрати само Гаши.
Денешната средба се очекуваше да донесе начелен договор за учество на Алтернатива во Владата. Иако никој од лидерите не откри дали ќе се зборува за поделбата на ресорите, резултатот од состанокот ќе биде изнесен пред партиските органи, а Заев ќе им го каже на коалициските и предизборните партнери, како и на ДУИ.
Извори на Алсат тврдат дека Алтернатива бара едно министерско место и еден вицепремиер. Прашањето за вториот и третиот ешалон исто така е тема на дискусија, но засега не се споменувале конкретни имиња.
И на последнава средба Заев и Гаши беа во придружба на Димитар Ковачевски, кој воедно е и кандидат за претседател на СДСМ, како и Беким Сали, предлог на Алтернатива за министер за здравство.