Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне да се спроведува од првата недела на ноември во центрите за јавно здравје низ државата.
Годинава првпат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. За останатите лица кои сакаат да се вакцинираат, во тек е утврдување на износот што ќе треба да го платат, информираат од Министерството за здравство.
Обезбедени се вкупно 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година.
Станува збор за четиривалентната најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.
Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна база, но препорачана е за хронично болни и возрасни пациенти.