ЦЕНЗУРА И ОД ВЛАДАТА НА КОВАЧЕВСКИ: Македонски Телеком го прекина реемитувањето на рускиот ТВ канал Раша Тудеј во Македонија

/ 18.03.2022

Македонски Телеком го прекина реемитувањето на рускиот телевизиски канал Раша Тудеј“ (РТ) во Македонија, откако тоа беше направено во повеќе земји од ЕУ и САД.

-Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено, пишува во известувањето од Македонски телеком доколку на вашиот телевизор го одберете каналот РТ.

Владата на премиерот Димитар Ковачевски неодамна излезе со препорака за прекин на реемитувањето на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.


Од истата категорија