Во текот на овој и претходниот месец, на социјалната мрежа Фејсбук се блокорани и избришани повеќе вести и информаци што се објавувани на порталот Денешен.
Дали станува збор за престрог филтер за информации „кои се неприфатливи за заедницата“, како што гласат повратните информации за елиминираните вести на Фејсбук, напишана со црвена цензорска боја, или филтерџиите се контаминирани, пресудете сами, според прилогот што го објавуваме за елиминацијата на дистрибуцијата на вести на оваа социјална мрежа.
Од прилогот на дел од елиминираните вести од Денешен може да се погледне дека „филтерот“ не само песок туку не пропушта ни вода.
Веројатно и оваа информација нема да мине низ строгите и ефикасни цензорски филтри, но нека остане забележана како факт.
(Д. Г.)