Чад преку писмо ги информираше Обединети нации дека иницира процес на повлекување од Меѓународниот кривичен суд. Повлекувањето трае најмалку една година.
Чад е четврта африканска држава која од 2025 година се повлекува од Меѓународниот кривичен суд. Минатата година се повлекоа Нигер, Мали и Буркина Фасо.
Бирото на Стејт департментот за африкански прашања ја поздрави одлуката на Чад и ги повика сите држави да се повлечат од Меѓународниот кривичен суд.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во февруари 2025 година потпиша извршна наредба со која се воведуваат санкции кон Меѓународниот кривичен суд поради неговите истраги против Израел.
Меѓународниот кривичен суд е формиран во 2002 година, а има ингеренции да гони геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Израел и САД не се членки, а судот ја признава Палестина како членка.




