Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова денеска изјави дека земјата ја губи битката против Ковид-19 и оти е потребно заклучување за сите граѓани.
Таа додаде дека карантинот е непопуларна мерка, но оти е апсолутно неопходна во овој момент.
– Ситуацијата е толку сериозна што ваква мерка, каква што препорачуваат експертите, мора да се однесува на сите и покрај тоа што ќе биде неправедна кон сите луѓе кои се однесувале одговорно, ги почитувале мерките и се вакцинирале, посочи Чапутова.
Таа додаде дека според статистиката во Словачка е најлоша ситуацијата со новозаразени лица на еден милион жители.