Холандија почна да превезува ковид-пациенти преку границата во Германија за да го олесни притисокот на своите болници, кои се борат со пораст на бројот случаи со корона вирус.

Пациентот во вторникот наутро пренесен е во болничко возило од Ротердам во болницата во Бохум, околу 240 километри источно, а во текот на денот ќе биде пренесен уште еден.

Бројот на ковид-пациенти во холандските болници во изминатите недели нарасна на највисоко ниво од мај и се очекува и понатаму да расте.

Германските болници понудиле 20 кревети за пациенти од Холандија, откако во претходните бранови лекуваа десетици пациенти.

Од понеделникот, 470 од вкупно 1.050 кревети на единиците за интензивна нега во Холандија заземаат пациенти со Ковид, а болниците уште сега ги намалуваат вообичаените постапки, вклучувајќи и лекување на рак и операции на срце, за да обезбедат доволно место за пациентите заразени со корона вирус.