Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на вчерашниот голф-турнир помеѓу бизнисмените и дипломатите во Анкара му се обратил јавно на македонскиот ополномоштен и вонреден амбасадор Звонко Муцунски и го запрашал: „Зошто Македонија го променила името, кога не добила покана за преговори од ЕУ“, пренесуваат турските медиуми.
-Амбасадорe на Македонија, се извинувам пред грчките пријатели, сепак велам Македонија. Зошто го сменивте името? За да бидете член на НАТО и да започнете преговори и да бидете прифатени во ЕУ. Како НАТО го исполнивме ветувањето и ве поканивме. За жал ЕУ не успеа да остане на ветувањето. Вие не добивте датум за преговори, тоа не е во ваша корист. Амбасадорот Звонко Муцунски соработува и навистина помага, благодарам, рекол Чавушоглу говорејќи на церемонијата на доделувањето на наградите.