Одлуката на Европскиот парламент да го признае Хуан Гуаидо за законски времен претседател на Венецуела може да предизвика граѓанска војна во државата. Тоа го изјави деенска турскиот министер за надворешпни работи Мевлут Чавушоглу.

– Не сметаме дека е правилна одлуката на ЕП за Венецуела. Сметаме дека мешањето во внатрешните работи на државата може да предизвика граѓанска војна, нагласи Чавушоглу.

-Од почетокот укажуваме дека странски интервенции не се добри и нема да понудат решение, туку ќе го продлабочат проблемот, рече Чавошоглу кој е во посета на Романија.