Венецуела ќе продаде во следните денови на Обединетите Арапски Емирати 15 тони злато од трезорот на Централната банка за евра, изјави извор близок до планот. Со тоа државата членка на ОПЕК сака да остане платежноспособна.

Продажбата на злато од резервите оваа година почна со 3 тони на 26 јануари откако минатата година државата извезе за Турција злато претежно необработено за 900 милиони долари, наведе изворот кој побарал анонимност.

Планот е до крајот на февруари да бидат продадени вкупно 29 тони злато што се чуваат во Каракас. Во крајот на ноември државата имала 132 тона злато во нејзинито трезор во британската централна банка.