Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека на социјалната мрежа се укинати 783 страници, налози или групи поврзани со Иран поради „координирано неавтентично однесување“.

Станува збро за лажни профили отворени со намера за нарушуавње политика и избори.

Сопствениците на тие профили потрошиле околу 30.000 долари за рекламирање, за што плаќале во американски долари, британски фунти, канадски долари и евра.

Во истрагата помогнале и од Твитер објавувајќи информации за сомнителни активности.