Шведска сè уште не и испорачала на Турција осомничени за тероризам, иако минатиот месец потпиша договор со кој Анкара треба да го укине ветото за членство на Шведска во НАТО, изјави денеска турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу.
Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО, загрижени за рускиот напад врз Украина, но се соочуваат со вето од Турција, која ги критикува за воведување ембарго за извоз на оружје во Турција и за поддршка на групи кои Анкара ги смета за терористички.
Три држави потпишаа договор за укинување на ветото и екстрадиција на 73 лица од Шведска и десетици од Финска.