Дефанзивецот на Арсенал, Калум Чејмберс претстојната сезона ќе настапува за Фулам како позајмен играч, објави Скај Спорт.
Овој 23-годишен фудбалер потпиша нов четиригодишен договор со Арсенал минатиот месец, но се проценува дека најдобро е тој да биде стандарден во Фулам.
Чејмберс пред четири години, како голем талент, пристигна во Арсенал од Саутемптон за 20 милиони евра, но не го покажаа целосно својот потенцијал, па дури и поминаа една сезона во втората лига како позајмен играч на Мидлзбро.
Чејмберс има три настапи за англиската репрезентација.