Френк Лампард официјално се врати во Челзи. 5 години по напуштањето на клубот како фудбалер, сега легендата стана менаџер на „сините“.
Официјалниот сајт на лондонскиот тим ја објави веста со порака дека еден од најголемите играчи во историјата на клубот се вратил на „Стемфорд Бриџ“. Лампард потпиша договор за три години.
Директорот на Челзи, Марина Греновскаја сподели по презентацијата: „Многу ми е задоволство да го поздравам Френк во Челзи како наш тренер. Френк има фантастично знаење и разбирање за клубот, а во изминатата сезона тој покажа дека е еден од најталентираните млади тренери“.
Популарниот Френки изјави дека е горд што се вратил во Челзи како менаџер.
– Секој знае колку е голема мојата љубов кон овој клуб и приказната што ја споделуваме заедно, но мојот фокус е сега на претстојната сезона. Тука сум да работам многу напорно за да го донесам успехот на тимот и јас сум желен да започнам, изјави 41-годишниот Лампард.
Според медиумите во Англија, стратегот ќе добива по 5,5 милиони фунти по сезона.