Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, за првпат по скоро 10 години, не закупи ВИП ложа на стадионот „Стамфорд Бриџ“.

Русинот секоја година од 2011 наваму трошеше меѓу еден и три милиони фунти во корпоративните ложи на „Стемфорд бриџ“, но не го стори тоа минатата година.

Оваа одлука на сопственикот на Челзи, според британските медиуми, е знак дека тој ќе го продаде клубот.

За потсетување, минатата година беше објавено дека поради притисокот од британските власти, Абрамович сака да го продаде клубот за три милијарди фунти. Тој во 2003 година стана сопственик на „сините“ од Лондон за 140 милиони фунти.